Јадењето сендвичи во Фиренца, Италија може да ве чини 500 евра. Од 6 јануари на сила стапува нов закон со кој се забранува консумирање на храна на одредени улици и плоштади, од 12:00 – 15:00 и 18:00-22:00 часот.
Постерите кои веќе се закачени насекаде низ Фиренца предупредуваат дека е забрането да се шета или да се јад секаков вид на храна на тротоарите, продавниците или праговите на кучите на улиците „Via de’Neri“, „Via della Ninna“, „Piazzale degli Uffizi“ и „Piazza del Grano“. Забраната е ставена на улиците и плоштадите околу т.н. „панини место“ – место каде што има најмногу сендвичари и ресторани за брза храна и каде туристите најчесто доаѓаат.
Постерите ги покануваат туристите да ги „почитуваат жителите, трговците и работниците на овие улици”. Забраната доаѓа откако граѓаните побараа од властите да преземат акција против туристите кои јадат и оставаат хаос по себе.