Плата за август плус бонуси
Сопствениците на еден црногорски хотел им се заблагодариле на вработените за нивниот придонес во работата давајќи им огромни бонуси. По успешно завршената сезона, вработените биле изненадени кога на сметка им легнале августовската плата плус дополнителени бонуси.
Одоборот на директори на "Maestral Resrot&Casino" со едногласа одлука го одобрил предлогот на акционерите да им се даде награда од 400.000 евра на вработените. Акционерите на овој начин сакале да покажат дека најважни им се работниците и дека со нивна помош успеале да стигнат до посакуваните финансиски резултати.
Сопствениците и менаџментот покажуваат постојана грижа за вработените и сето тоа се рефлектира во условите за работа, натамошното образовани и обука, како и финансиската поддршка, изјавил директорот на хотелот.