Нала не е обично домашно милениче, таа е мачка што со своите шепи го освои Инстаграм, но ако се каже само дека е славна личност, ништо нема да дознаете за неа. Таа е и инфлуенсерка, милионерка и светски рекордер.
Би можело да ве интересира: Има пет милиони евра, а јаде храна за мачки за да заштеди
Со повеќе од 4,4 милиони следбеници на Инстаграм, Нала е најследената мачка на популарната социјална мрежа. Живее во Лос Анџелес со сопствениците Варисири Пуки и Шенон Елис.
Нала има сиво и бело крзно и е едно од најпопуларните и најомилените миленичиња ширум светот. Семејството Пуки ја посвоило Нала во 2010 година кога имала само 5 месеци од прифатилиште за животни. Во 2012 година, на повик на нејзината сестра, Пуки направила профил на Инстаграм и нејзиниот живот засекогаш се променил. Со 4,4 милиони следбеници на Инстаграм и нето вредност од 100 милиони долари, Нала ја победи шкотската мачка на пејачката Тејлор Свифт, која вреди 97 милиони долари.
Нала не е само сензација на социјалните мрежи, туку го држи и Гинисовиот рекорд за најмногу следбеници на Инстаграм, во категоријата мачки. Мачката „наплаќа“ 8.000 долари за објава на социјалните мрежи, има договори со спонзори и има своја онлајн продавница.
Мачката „соработувала со брендови како Google, Lift, FreshStep и LOL Toys и се појави во People, USA Today, Forbes и многу повеќе. Исто така, нејзината прва книга „Living Your Best Life According to Nala Cat“ е водич за животен стил, со необјавени нејзини фотографии и посебен водич за најдобри практики за посвојување и грижа за домашно милениче. Како поранешна мачка од засолниште за животни, Нала, со помош на нејзините сопственици, се труди да ја подигне јавната свест за гладните животни, храната за домашни миленици и посвојувањето животни – скитници. За да помогне во овој дел, семејството ја лансирало „Love Nala“, врвна линија на храна за мачки.
Нала и нејзиното семејство донираа 5.000 оброци во засолништето за животни „Kitten Rescue LA“ и испратија 55.000 оброци на „Daisy’s Hope Foundation“, непрофитна организација која обезбедува бесплатно и субвенционирано стерилизирање, вакцинација и микрочипирање…