Камерата го фатила како поминува низ црвено светло само една секунда откако се сменило од жолто. Брзата помош се приближувала со запалени сини светла зад него, а Френк тогаш сфатил дека нема друг избор освен да тргне напред и да ја пушти да помине.
Френк останал непријатно изненаден кога полицијата му изрекла казна од 100 фунти и три поени и покрај тоа што само предниот дел од неговото БМВ ја преминал белата линија.
Пензионерот ја обжалил казната, но речиси една година останал без одговор. Сега му е кажано дека мора да се појави во Судот на Нотингем на 14 февруари доколку сака да ја оспори казната.
ПРОЧИТАЈТЕ: Забрана има – ама не се почитува, се пуши и во затворено – најавени зголемени контроли
"Тие ме третираат како криминалец, а јас не направив ништо лошо. Ако беше брзината, ќе сфатев. Наместо тоа, ме казнуваат што ја направив вистинската работа. Алтернативата беше да се блокира и да се забави брзата помош", рече Френк. .
Инаку, во Британија камерите се прикачени на бројни семафори и автоматски ги фотографираат сите возила кои поминуваат откако ќе се вклучи црвеното светло.