Македонија е прогласена за шампион во регионот со 20,4% поскапување на водата, струјата, гасот и дериватите. Според податоците на Државниот завод за статистика, зад нас е Србија со раст од 18,4%, Хрватска со 16,5%, Црна Гора со 15,6% и Словенија со 13,3%. Споредбата на цените покажува дека во Македонија, во однос на другите земји, цените се зголемени.
Но, броевите велат дека растот на трошоците за живот е зголемен за 20-30% само во однос на лани. Не може да се земе како основа 100 процентното зголемување на минималната плата за 5 години, кога основната храна беше двојно поевтина, на пример лебот беше 20 сега е 40 денари. Но, економските експерти мислат поинаку.
„Управувањето со состојбите од страна на власта треба да се направи на тој начин што треба да ја помогне категоријата која е во исклучително тешка ситуација. Но, не само со парична помош како субвенции. Мора да се отворат нови работни места, квалификација на кадри како нова работна сила, создавање на еден вид баланс меѓу економските оператори и граѓаните од друга страна, за стратегијата да не биде само краткорочна, туку и одржлива на подолг рок“, велат тие.
Според статистичките податоци, порастот на трошоците за храна и безалкохолни пијалоци во Македонија достигна 29,8%, а најголем дополнителен трошок има за транспортот 16,1%, споредено со земјите од регионот, имајќи предвид дека платите кај нас се најниски, како во јавниот, така и во приватниот сектор. Ние сме пак, малку подобри во однос на трошењето за облека. Според податоците, Македонија со години не бележи значителни поскапувања во овој сектор.
Би ве интересирало: Откажете ги со време: Поскапуваат цигарите во Србија!
извор: alsat.mk