Додека брзаме од едно на друго работно место, од обврска во обврска, најмалку што ни треба е долго чекање ред на каса во супермаркет, бидејќи еден од муштериите „муабети нон-стоп“ со касиерот или касиерката.
Еден супермаркети во Холандија реши да ја намали нервозата на клиенти кои чекаат на каса.
Во 2019 година, супермаркетите Џамбо ја отворија својата прва “chat каса”.
Идејата беше да им се понуди на клиентите побавна лента каде што се поттикнува разговор за оние луѓе кои не брзаат.
Особено, имаше надеж дека тоа може да помогне во борбата против осаменоста, бидејќи искрено, некои луѓе се среќни да разговараат со сите што ќе ги сретнат затоа што имаат дополнително слободно време и се осамени.
Можеби ќе ве интересира: Маркетите им го земаат бизнисот на зелените пазари
„Џамбо“ доби позитивни повратни информации за нивната иновативна идеја, па во септември 2021 година се обврзаа да отворат уште неколку низ целата земја, пред се во областите каде што мнозинството од населението се самци или стари лица.
„Многу луѓе, особено постарите, понекогаш се чувствуваат осамено. Како семеен бизнис и синџир на супермаркети, ние сме во срцето на општеството. Нашите продавници се важно место за состаноци на многу луѓе и сакаме да играме улога во запознавањето и намалувањето на осаменоста. Горди сме што многу луѓе одлучуваат да купуваат од нашите “каси за разговор“, рече комерцијалниот директор на “Џамбо”.