Би можело да ве интересира: "Тесла" мета на критики поради предолгото работно време на работниците
Извршниот директор на Епл, Тим Кук оваа година ќе го намали својот годишен платен пакет за над 40 проценти. Технолошкиот гигант вели дека Кук барам намалување по критиките на акционерите.
Минатата година акциите на Епл драстично паднаа поради проблеми со снабдувањето и глобалното економско забавување.
-Комисијата за компензација ги избалансира повратните информации на акционерите, и даде препорака за Кук да ја прилагоди својата надокнада во согласност со добиените повратни информации, наведува Епл во поднесокот до американската финансиска служба.
Најголемата разлика во однос на неговиот платен пакет е начинот на кој ќе му бидат доделени акциите во фирмата. Компанијата во 2022 година му доделила акции од 75 милиони долари, од кои половината е заснована на тоа како Епл работел на берзата. За оваа година надоместокот е намален на 40 милиони долари.
Институционалната служба за акционери рекле дека платата на Кук била 1.447 пати поголема од платата на просечниот вработен во Епл. Кук става извршен директор на Епл во август 2011 година само неколку недели пред смртта на соосновачот Стив Џобс.