Инвеститорите од Катар се главни кандидати за купување на англискиот фудбалски клуб Ливерпул.
Фенвеј спортс груп (ФСГ) го купи Ливерпул пред 13 години за 300 милиони фунти, а сега бараат најмалку четири милијарди фунти за клубот, објави Мирор.
Сопствениците на клубот побараа од инвестициските банкарски групи Голдман и Сакс и Морган Стенли да помогнат во преговорите за продажба.
Не се знае колку потенцијални купувачи има, ниту нивниот идентитет, но бројните извештаи велат дека најсериозни се катарските инвеститори.
Како што пренесува британски „Експрес“, катарскиот новинар Мохамед Саед Алкаби тврди дека ФСГ „и дал приоритет“ на арапската земја во борбата за купување на Ливерпул и дека тие се „сериозно заинтересирани“ за преземање.
Можеби ќе ве интересира: Најскапите дресови во светот: За да ги имате ви треба (над) просечна плата