Без разлика дали планирате патување или селење, би можела да ви користи најголемата светска база на податоци за трошоците на животот што ги прикажува цените за храна, домување во градовите ширум светот...
Би можело да ве интересира: Овој град ќе ви плати 55.000 евра за да се преселите во него: Вистински бисер на Европа е, а ова се условите за да живеете во него
Веб-страницата „Numbeo“ секоја година го оценува квалитетот и трошоците за живот во одредени делови од светот. Без разлика дали планирате патување или селење, најголемата светска база на податоци за трошоците на животот ги прикажува цените на храната, како и цените на становите во градовите ширум светот.
На врвот на листата на најевтини градови во Европа се најдоа украинските Харков, Лавов, Одеса и Днипро, а потоа следуваат Приштина, Киев, Ниш, молдавскиот Кишињев и романските Сибиу и Крајова.
Тузла се најде на 12-то место, а Осиек е најевтин во Хрватска и 50-ти во Европа. Сплит е 66-ти на листата, а по него е Риека. Тука се и Загреб (89), Дубровник (94) и Задар (99).
Меѓу најскапите европски градови убедливо води Швајцарија со шест градови (Базел, Цирих, Лозана, Цуг, Берн и Женева). Следуваат норвешки Осло, Ставангер, Берген и Трондхајм.
Целата листа можете да ја погледнете ТУКА.