Темпоматот може да го зголеми ризикот од сообраќајна незгода, иако го спречува пречекорувањето на дозволената брзина.
Да нагласиме - зборуваме за стариот, „примитивен“ темпомат. Современите адаптивни темпомати кои го следат движењето на другите возила и можат сами да забават и сопираат се сосема друга приказна - сега не се занимаваме со нив.
Предностите на темпоматот се главно јасни. Не мора да ја држите ногата на педалата за гас бесконечно долго кога возите на автопат, за да можете да се истегнете и да ја промените положбата на седење без да влијаете на педалата за гас, не мора да се грижите за ограничувањето на брзината и слично.
Секако, мора да ги следите сообраќајните знаци и да забавите кога е потребно.
Еден од главните проблеми е доцнењето на сопирањето во случај на ненадејно/остро сопирање.
Постојат две причини за доцнењето:
1) Различна положба на стапалото во однос на педалата на сопирачката
2) Пад на концентрацијата
Како настанува доцнењето поради различна положба на стапалото?
Бидејќи десната нога не е на педалата за гас и не може рефлексно да се префрли на педалата на сопирачката за дел од секундата. Сепак, многу возачи тврдат дека „удирањето“ на педалата на сопирачката во критични ситуации за нив не е проблем.
Така, се обидовме да утврдиме каде просечниот возач ја држи десната нога кога користи темпомат.
За повеќето едноставно нема правила - ја поместуваат десната нога во зависност од должината на возењето, заморот, вкочанетоста на ногата, како и од типот на возилото.
Дали темпоматот навистина предизвикува пад на концентрацијата?
Многумина тврдат дека употребата на темпомат и падот на концентрацијата не може да се поврзат, бидејќи темпоматот само ја одржува брзината, додека возачот сè уште треба да се концентрира на другите возила, кривини итн.
На пример, ако сте на десната лента на автопатот, мора да внимавате на камионите и автобусите кои се движат побавно од вас. Меѓутоа, во 2013 година беше спроведен тест во Франција, чии резултати покажаа дека темпоматот влијае на брзината на реакцијата на возачот.
Наместо вистински автомобили, користен е симулатор, а меѓу другото се следеле и движењата на очите и мозочната активност на возачот. Се покажа дека побавно реагираат при сопирање во различни ситуации, дека претекнуваат со помали брзини, дека поретко го коригираат правецот, т.е. позиција во својата лента, итн.
Забележано е дека нивните движења на очите и мозочната активност исто така се забавени.
Професорот Андре Дуфур, кој го предводеше истражувањето, рече дека не е против темпоматите, но смета дека возачите треба да бидат повнимателни кога ги користат.
Темпоматот е дефинитивно корисна функција, иако има одредени недостатоци, особено во непредвидливи ситуации и во лоши временски услови.
Какви се вашите искуства? Дали и колку често користите темпомат, во кои ситуации сте забележале дека ги забавува вашите реакции?
извор: kajgana.com