Одговор на ова прашање даде комуникологот и писател Томас Ериксон, автор на романот „Опкружен со психопати“.
Би можело да ве интересира: Кога работите ќе тргнат наопаку... На првиот работен ден со еден потег направил штета од 50.000 евра
Врз основа на „боите“ на личноста, односно моделот DISA што ги „препознава“ луѓето и однесувањето во четири бои - црвена, жолта, сина и зелена – тој дава одговор на прашањето како да препознаете психопат на работното место.
„Зависи од вашата позиција. Психопатите се хранат со моќ и што може да им донесе пари и внимание, сакаат да бидат во предниот план. Ако вашиот шеф е психопат, мора да се тргнете од него. Психопатите не можете да ги смените, ниту тие сакаат да се излечат.
Тоа е исто како да ѝ кажете на мачка да не брка глушец – би ви рекла: „Зошто да не го правам тоа? Јас сум мачка и сакам да фатам глушец“, вели Ериксон.
Овој експерт посочува дека психопатите никогаш не би се нарекувале себеси психопати, туку би рекле дека се лидери, ѕвезди.
Тој тврди дека медиумскиот свет е полн со психопати затоа што таму се моќта и парите и верува дека овие поединци имаат тенденција да се издигнат во секоја организација и да ги искористуваат работниците до крај.
„Ова се луѓето од кои ќе слушнете: ‘За да бидеме поефикасни, треба повеќе да ги ‘туркаме’ луѓето. Ова е лош начин бидејќи луѓето не се потрошни. На глобално ниво, треба да работиме за да ги разбереме потребите на луѓето и како тие работат. Треба да разбереме дека луѓето треба да се третираат со почит, дека нивните напори се вреднуваат. Важно е сите да бидат препознаени, потребни ни се пофалби, но и негативни повратни информации. Сепак, психопатите не размислуваат за ова, тоа е целосно неважен за нив, за нив вие сте потрошен материјал што ќе го користат и ќе го фрлат“, истакна Ериксон.
Психопатите на моќни позиции им кажуваат на луѓето како да се однесуваат со другите и го нагласуваат лошото однесување. Хитлер е вистински пример за психопат кој ги охрабрувал непсихопатите да прават навистина ужасни работи затоа што ги задушил во болно верување дека се подобри од другите. Луѓето опкружени со психопати се подложни на усвојување психопатски начини на однесување иако не се психопати, а тоа е опасно.