На сите места на кои се нуди доручек, од бензинските пумпи до најпрефинетите ресторани во градовите, практично секаде се нуди кралот на печивата - кроасанот. Иако светскиот ден на кроасаните е на 30 јануари, вистината е дека не постои ограничување кога станува збор за уживањето во овој деликатес, и тоа пред сѐ бидејќи постојат полно варијатни на кои не им се знае бројот.
Многумина не ја знаат приказната која се крие зад потеклото на кроасанот.
Иако денешното име остана таков впечаток, потеклото на кроасанот не е француско, туку австриско. Според верзијата која ја објавил доктор Алфред Готшалк во издание на престижната кулинарска енциклопедија Larousse Gastronomique од 1938 година, овој деликатес бил смислен за време на австро-турските војни од XVII век. Или подобро кажано, кога напредувањето на трупите на везирот Кара Мустафа преку Дунав и освојувањето на територии од германското царство било запрено во 1683 година пред ѕидините на Виена.
Неможноста да напредуваат довела до тоа Османлиите цели два месеца да вршат опсада врз градот во обид да ги изгладнат војските кои ја бранеле Виена - на царот Леополд I и на полскиот крал Јан III Собјески, кој му дошол на помош. Кога увиделе дека жителите не попуштаат, одлучиле да пробаат нова стратегија - ноќе почнале да копаат тунели под ѕидините.
На другата страна, виенските пекари како и останатите пекари ширум континентот работеле навечер во своите пекари, поради што можеле да ја слушнат бучавата која ја правел непријателот и да ја откријат неговата намера. Спасувајќи го градот, но и целото царство, кралот одлучил да им додели одредени привилегии, како на пример носење меч на појасите.
Тие за возврат го направиле она во што биле најдобри - направиле два леба: еден кој го викале kaisersemmel (кајзерземел), германско име за царска лепиња, и друг кој се викал kipferl (кипферл) или hornchen (хорнхен), што на германски значи полумесечина.
Тоа лепче во облик на полумесечина било поради австриско-полската победа над Османлиите, кои со себе носеле знамиња и бајраци со полумесечина. Токму кипферл денес се смета за претходник на познатиот кроасан.
Во 1839 година австрискиот офицер Аугуст Цанг отворил виенска пекара Boulangerie Viennoise во Париз, која им послужила на париските пекари како инспирација за она што е денес познато како croissant (кроасан).
Французите сепак оставиле својата трага во овој кулинарски специјалитет, малку менуваји го рецептот за денес да го имаме она што тие го нарекле кроасан.
извор: kajgana.com