Со новиот предлог Закон за плати во јавниот сектор синдикатите нема да можат да учествуваат во носењето одлуки.
Ова е реакцијата на Синдикатот на секторот образование од каде побараа измените да бидат повлечени. Претседателот на СОНК смета дека им се скратува правото да имаат можност да преговараат за висината на платите, колективните договори нема да имаат важност а тоа значи дека со растот на минималната плата многу плати ќе бидат речиси идентични, и тоа ќе биде проблем.
Алсат побара став од Министерството за информатичко општество кое е надлежно за новото законско решение. Од таму велат дека текстот на Законот за системот на плати во јавниот сектор е во фаза на јавна расправа во која секоја засегната страна може да доставува свои мислење и предлози.
„Предложеното е во насока да се усогласат јасни правила и воедначена Методологија за пресметка на платите во јавниот сектор. Пресметката и исплатата на платите во институциите од јавниот сектор моментално се врши врз основа на посебни закони и колективни договори, а во некои институциии дури и со правилници-спротивно на начелата и одредбите од Уставот“, велат од Министерство за информатичко општество и администрација.
Моментално најниската плата која ја заработуваат вработените во градинките, основните или средните училишта е на висина на минималецот.
Би ве интересирало: На определено време ќе може да се работи само две години, а ќе може да има одмор и повеќе од 26 дена