Британскиот премиер Риши Сунак е казнет затоа што не носел безбедносен појас во автомобилот додека снимал видео за социјалните мрежи.
Сунак се извини за инцидентот, велејќи дека тоа е „грешка во проценката“.
Со парична казна од 115 евра на лице место може да се казнуваат патниците кои не носат појас. Казната може да биде нешто повеќе од 570 евра доколку случајот оди на суд.
Премиерот беше казнет од полицијата во Ланкашир, за време на патување во северна Англија.
Ова е втор пат британски премиер да добие казна.
Во април 2022 година, Борис Џонсон, Риши Сунак и неговата сопруга Кери беа казнети поради кршење на правилата за изолација за присуство на роденденската забава на тогашниот премиер.
Фиксните казни се санкција за прекршување на законот и мора да се платат во рок од 28 дена.
Меѓутоа, обвинетите можат да се обидат да ја оспорат казната. Во тој случај, полицијата ќе го разгледа случајот и ќе одлучи дали ќе ја повлече казната или ќе поднесе тужба до судот.