Со оглед на тоа што Мајкрософт претстави свои телефони кои работат на Андроид, би очекувале Гејтс да користи уреди од компанијата што ја основал и раководел долги години како извршен директор.
Би можело да ве интересира: Кој зема најголема плата во Македонија?
Бил Гејтс мина долго време на водечката позиција на листата на најбогати луѓе во светот, а иако веќе извесно време гледа во грбот на луѓе како Илон Маск, Џеф Безос и други, сепак се држи прилично добро. Имено, според листата на милијардери на Блумберг, Гејтс моментално е „потежок“ за околу 111 милијарди долари, што го става на петтото место на таа листа, веднаш пред Ворен Бафет.
Со толку пари, Гејтс навистина може да има се што ќе посака кога станува збор за материјалните работи, а за време на разговорот со корисниците на Редит минатата година, луѓето се прашуваа каков модел на паметен телефон користи еден од најбогатите луѓе во светот.
Одговорот на тоа прашање изгледал логичен, но тој изненадил од изборот на телефонот што го користи. Имено, Гејтс е основач и долгогодишен извршен директор на Microsoft, па не е тешко да се претпостави дека би можел, па дури и треба да го користи Surface Duo, смартфонот на Microsoft со два екрани.
Но, наместо неговите телефони, Гејтс се покажа дека е обожавател на уредите на Samsung. За време на споменатиот разговор со корисниците на Reddit минатата година, тој рече дека го користи Galaxy Z Fold 3, а неодамна повторно одговараше на прашања од корисниците на Reddit и тие уште еднаш ги спомнаа телефоните. Бил во меѓувреме го промени уредот, но сепак остана верен на флексибилниот Samsung.
Имено, по Galaxy Z Fold 3, тој сега го користи Galaxy Z Fold 4. Гејтс не го купи тој телефон, туку му го подари претседателот на Samsung, JY Lee при неговата посета на Јужна Кореја. Основачот на Мајкрософт особено го фали неговиот голем екран кога го отвора телефонот, па рече дека поради тоа нема потреба да користи таблет, туку секој ден го користи само својот Galaxy и неговиот лаптоп, кој, се разбира, работи со Windows.