Зголемените трошоци за работна сила, јазот помеѓу достапните и потребните вештини на вработените, како и неможноста навреме да се пополнат позициите ќе бидат најголемите предизвици со кои ќе се соочат компаниите.
Можеби ќе ве интересира: Богатството на овие луѓе секојдневно расте за 2,7 милијарди долари, но како?
До 2025 година, компаниите ќе продолжат да се соочуваат со горливиот проблем на недостаток на квалитетна работна сила. Колкави се размерите на овој предизвик покажуваат прогнозите дека секое 10-то работно место ќе остане непополнето, како и дека ќе има зголемување на трошоците за работна сила за 16 проценти. Во исто време, дури 93 отсто од компаниите планираат недостигот од работници да го компензираат со зголемување на обемот на работа на сегашните работници.
Ова се резултатите од најновото истражување на меѓународната консултантска компанија Horváth, во кое учествувале 50 финансиски директори на компании од Европа и светот, од кои 43 отсто остваруваат приходи кои надминуваат милијарда евра, а третина имаат над 5.000 вработени.
Студијата потврди дека зголемените трошоци за работна сила, јазот помеѓу расположливите и потребните вештини на вработените, како и неможноста навреме да се пополнат позициите се меѓу најголемите предизвици со кои ќе се соочат компаниите во наредниот период.
Дури 76 отсто од менаџерите причината за отежнатиот пристап до вработените ја гледаат во жестоката глобална и регионална конкуренција, речиси половина од испитаниците ги наведуваат демографските промени, додека пет отсто од нив сметаат дека нивната компанија плаќа значително помалку од конкуренцијата.
Извор: kajgana.com