Можеби ќе ве интересира: Германците доминираат: Кои автомобили се најдобри по 100.000 километри?
Последниот бран на поскапувања и инфлација особено го погоди пазарот на автомобили, па некогаш достапните и семејните автомобили станаа луксузен производ. Разликите се уште поголеми кога се гледа во период од 30 години.
Според официјалните податоци на германскиот автомобилски клуб ADAC, автомобилите поскапеле и до 44 отсто во периодот од 2017 до 2022 година, што значително се одразило на продажните резултати и на автомобилскиот пазар во целина. Покрај пандемијата и прекините во испораките и недостигот на нови автомобили, причина секако е и инфлацијата, но една од главните причини се неоправданите поскапувања како и таргетираното отстранување на подостапните модели од понудата.
Затоа е особено интересно истражувањето на германскиот магазин Т-Онлајн кој ги споредил денешните цени на автомобилите со оние од 90-тите години на минатиот век.
За споредба беше избран германскиот бестселер – Volkswagen Golf. Така, во 1991 година за третата генерација на Golf во основната верзија и со најслабиот мотор во Германија требаше да се пресметаат 10.200 евра, кога цената се претвора од тогашната валута - Дојче марка.
Како што одминуваше времето, цената стануваше повисока, па така во 2012 година основниот голф чинеше 17.000 евра, додека во 2020 година цената достигна речиси 20.000 евра. Секако, голем скок на цената се случи во последните три години, па од почетокот на оваа година најприфатливиот Volkswagen Golf во Германија чини дури 29.560 евра!
Секако, треба да се биде искрен и да се признае дека од техничка страна, Golf 3 и Golf 8 се слични само по име, и дека количината на опрема за удобност и безбедност, како и пасивната безбедност на модерниот компактен, е на многу повисоко ниво отколку кај автомобилите од пред 30 години.