Кои се здравствените бенефиции доколку ја пиете оваа комбинација?
Лимонот е една од најкорисните намирници на планетава. Често се употребува во најразлични пијалоци, од чаеви па се до коктели и сокови. Лимонот како овошје е богат извор на витамин Ц, калиум, калциум, фосфор и магнезиум. Има антибактериски и антивирусни својства, додека лимоновиот сок делува како дигестивен и детоксифирачки агенс, помага во чистењето на црниот дроб и доведува до подобро дигестивно здравје.
Пиењето на топла вода со лимон секое утро на празен стомак може да доведе до неверојатни резултати. Овој напиток е ефтин, лесно се прави, целосно е безбеден и поволно делува на нервниот и кардиоваскуларен систем. Неговото редовно конзумирање може да спречи или да делува благопријатно на некои заболувања, како што се грипот, бронхитот, високиот крвен притисок, па дури и кај бубрежните и жолчни камчиња. Пиењето на вода и лимон помага да добиете повеќе лимонска киселина и вооедно да ја добиете потребната вода за да спречите создавање на камења.
Овој сок е ефикасен начин за намалување на телесната тежина бидејќи ја зголемува работата на метаболизмот. Лимоните се полни со антиоксиданси кои го спречуваат клеточното оштетување и меѓу другото влијаат во намалувањето на појава на брчки и други проблеми со кожата поврзани со стареење.
Нутриционистите на Едисон институтот за исхрана сметаат дека конзумирањето на оваа напивка помага во одржувањето на pH рамнотежата на телото, игра улога во борбата против настинката и има делотворен ефект при инфекции на респираторниот тракт, како што се воспалените крајници и сувото грло. Меѓу другото, го држи телото хидрирано бидејќи обезбедува електролити, помага да се намали болката во зглобовите и мускулите, како и придонесува во здравјето на забите помагајќи при забоболки и спречување на гингивитис.