Швајцарија ја замени Норвешка како најдобра земја за пензионирање во светот
Норвешка, која две години по ред ја предводеше листата на Глобалниот индекс за пензионирање (GRI) на Natixis Investment Managers, оваа година го зазема едвај третото место, зад Швајцарија и Исланд.
Првото место на Швајцарија се должи на високата оценка во категоријата квалитет на живот, благодарение на подобриот квалитет на воздухот во земјата и други еколошки фактори, стабилните финансии и доброто здравство.
Остриот пад во финансиската сфера е причина Норвешка да падне на третото место во рангирањето.
Шведска го зазема четвртото место на табелата, а Нов Зеланд е на петтото.
Ирска влегува во првите десет за прв пат .
Меѓу првите десет од најдобрите пензионерски земји во светот се Данска, Канада и Холандија.