Богатството на најбогатиот човек во светот, Французинот кој контролира луксузни брендови како Луј Витон, Диор и многу други, Бернар Арно, годинава нагло порасна за преку 33 милијарди долари.
Ова се податоците на индексот на милијардери на Блумберг, кој го следи богатството на најбогатите луѓе во светот.
Бернард Арно е извршен директор и ко-основач на конгломератот за луксузни стоки LVMH Moët Hennessy – Louis Vuitton, попознат како LVMH.
Богатството на магнатот порасна за 33,7 милијарди долари досега оваа година – повеќе од една петтина од неговото вкупно богатство.
Би можело да ве интересира: 10-те најбогати луѓе во светот во последните 10 години (Инфографик)
Блумберг ја процени неговата моментална нето вредност на 196 милијарди долари. 73-годишниот француски милијардер моментално е рангиран од Блумберг како најбогат човек во светот, а по него е Илон Маск, чие богатство се проценува на 175 милијарди долари.
Арно неодамна ја назначи својата ќерка Делфин за извршен директор и претседател на Диор. Диор објави во јануари дека Делфин ќе ја преземе функцијата од 1 февруари, откако беше извршен потпретседател на Луј Витон од 2013 година.
Сите негови четворица синови имаат и високи извршни позиции во неговите компании. Антоан Арно е извршен директор на холдинг компанијата LVMH Christian Dior SE; Александар Арно е извршен потпретседател во Tiffany & Co.; Фредерик Арное извршен директор на Tag Heuer; и Жан Арно е директор за развој и маркетинг на часовници во Луј Витон.
Извор: biznisinfo.mk