Туркије или Турција? Како е правилно? Одговор дал реномираниот професор Људмил Спасов!
- Некои медиуми почнаа да го применуваат 'новото име' на Турција, но тоа е погрешно.
Претседателот на Советот за македонски јазик, проф. д-р Људмил Спасов, вели дека името на државата Турција останува исто на македонски јазик.
Би можело да ве интересира: Македонски Телеком овозможи бесплатни разговори и СМС кон Турција и Сирија
- Ние си имаме наша транскрипција. На пример, не велиме Финланд, туку Финска, не велиме Дојчланд, туку Германија, не велиме Шќиперија, туку Албанија. Или, на пример, кај нас не е Београд, туку Белград. Во ред би било ако се пишува од влада до влада да стои и новото име во заграда, но за наша домашна употреба останува исто - Турција, а со тоа и изведенките си остануваат исти, вели тој.
Причините за промената на името се повеќе, меѓу кои и фактот што Турки на англиски значи и 'мисирка'. Турците очигледно сакаат да ја сменат таа традиција и го менуваат името на државата за меѓународна употреба на начин како тие го изговараат името на својата држава - дома. Значи, Туркије за меѓународна употреба.