Свети Трифун заштитник на лозарите, Свети Валентин ден на љубовта. Секоја година на 14 февруари Македонците имаат дилема кој празник да се слави...
Вечната дилема кој празник на 14-ти февруари повеќе се празнува, Свети Трифун, кој се слави со вино, или Свети Валентин, денот на љубовта. Според теолозите, и двајцата светители се дел од христијанството, еднакво признаени и кај православните и кај католиците. Свети Трифун е празник кој е дел од православната традиција и во Македонија се слави како заштитник на лозарите.
Би можело да ве интересира: Подароци за Св. Валентин кои нема да го оптеретат вашиот буџет
Според теолозите, Свети Валентин пак повеќе се слави во католичките земји, но кај нас во последните две децении масовно се одбележува меѓу младите како ден на вљубените. Не треба да се прават поделби меѓу православните и католичките верници и да се спори за тоа којшто и кого има право да слави, велат теолозите.