Замислете да спиете и некој да ве плаќа за тоа. Многумина би заклучиле дека тоа е чиста фантазија. Но, не е така, барем не во НАСА.
Националната администрација за аеронаутика и вселена или НАСА е во потрага по кандидат кој ќе го плати 13.500 евра за да спие 70 дена за да истражат како човековото тело се прилаготува на бестежинскиот амбиент.
Ви звучи лесно? Мораме да ве разочараме бидејќи сите други активности мора да ги правите во кревет. Учесниците мораат да живеат, јадат и да се тушираат во истата положба со цел нивниот кардиоваскуларен систем да се адаптира на исти услови како во вселената.
За тоа време, НАСА ќе го мотиторира вашето тело и ќе истражува. И не треба да се грижите за вашата безбедност бидејќи НАСА многу често прави вакви истражувања.
Не можете да загубите ништо, освен мал дел од социјалниот живот.