Некои од пандемиските мерки на германските власти беа претерани, призна министерот за здравство Карл Лаутербах.
„Некои ограничувања на отворено беа глупост, ако смеам така слободно да се изразам“, кажа Лаутербах во интервју за телевизијата ЦДФ.
Според него, во таквите мерки спаѓа забраната за џогинг без маска која што некое време беше во сила.
„Секако, јасно е дека тоа беше претерано“, рече министерот.
Би можело да ве интересира: Вработените во здравствените установи без плата
Тој додаде дека и долгото затворање на училиштата и градинките било погрешно. Дел од мерките кои Лаутербах сега ги критикува, вели дека се должат на нејаснотиите во врска со ковид-19 во тој период.
Но, и покрај одредени претерувања, министерот вели дека внимателниот пристап придонел за помала стапка на смртност во Германија во споредба со други земји. Досега, од последици од ковид-19 во Германија починале околу 180.000 луѓе.
„Тоа не е лоша бројка, но ќе беше уште подобро да не беа политизирани мерките“, вели Лаутербах.