
Телевизиската платформа „Нетфликс“ ги намали цените за претплата во Македонија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Словачка и Бугарија.
Основниот пакет сега е со цена од 4,99, наместо 7,99 евра. Стандарниот пакет кој чинеше 9,99, сега е намален на 7,99 евра, додека премиум пакетот кој беше 11,99 сега чини 9,99 евра.
„Нетфликс“ првпат ги намалува цените во која било држава.
Платформата е достапна во над 190 земји и има над 200 милиони претплатници.