Ана Папала од Филаделфија има 15 години искуство во корпоративно регрутирање и предлага пет работи за кои е дозволено, па дури и пожелно да се лаже.
Каде се гледате себеси за пет години?
„Никој не сака да слушне дека се гледате на постдипломски студии или дека сакате да се омажите и да имате бебиња“, рече Папала.
Таа апелираше до барателите на работа да кажат дека се гледаат себеси во компанијата за која аплицираат или барем на слична позиција во својата област.
Можеби ќе ве интересира: Грешки кои треба да ги избегнувате кога давате отказ
Зошто менувате работа?
Регрутерите сметаат дека кандидатите кои ја мразат културата во нивната сегашна компанија се одбивни. Доколку сте несреќни во вашето сегашно друштво, можно е да се однесувате напорно и пребирливо.
„Подобро е да се каже дека ја надминавте својата позиција и барате нов предизвик“, рече таа.
Што мислите за вашиот поранешен шеф и колеги?
Неизбежно прашање во секое интервју, но кандидатите често веруваат дека нивниот потенцијален работодавец сака да слушне дека не им се допаѓа нивната моментална работа и дека сакаат да заминат. Но, тоа е далеку од вистината.
„Не ми е гајле дали работите за најлошиот шеф на светот – не треба да зборувате за тоа во интервју – особено ако ве интервјуира некој кој би можел да биде вашиот иден шеф“, рече Папала.
Вашето хоби
Треба или веќе да имате хоби кои се усогласуваат со вашата професионална кариера на комплементарен начин, или да имате идеја за тоа какви би можеле да бидат таквите активности. Кога ќе ве прашаат за вашите хобија, регрутерите се обидуваат да разберат колку време и труд навистина сте спремни да посветите на позицијата.
„Ве молиме изберете хоби кои звучат професионално и интересно. Не кажувајте дека сè што правите надвор од работа е да гледате Нетфликс“, истакна Ана.
Вашиот моментален опис на работното место и должности
Папала ги охрабрува барателите на работа да ги подобрат улогите што ги извршуваат на нивното сегашно работно место.
„Особено ако работите повеќе или помалку од описот на вашата работа, а не сте платени за тоа“, вели таа.
Извор: biznisinfo.mk