Милионерот Ден Билзериан (42), многу брзо премина од сенката на анонимноста до светлината на популарноста, благодарение на неговиот распуштен начин на живот, кој главно се состои од забави, недозволени супстанци, алкохол и покер, кои често ги промовира на социјалните мрежи.
Јахти, приватни авиони, скапи куќи, оружје и многу девојки се само дел од работите кои се дел од неговото секојдневие. Се верува дека Билзериан „тежи“ повеќе од 100 милиони долари, а сите се прашуваат од каде му се толку пари.
Дали е „татин син“ или нешто друго?
Билзериан тврди дека заработил голем дел од своето богатство како професионален покер играч. Како што вели, неговото богатство не надминува 200 милиони долари.
Во едно интервју тој изјавил дека е „скршен“ поради загубите од коцкање и дека бил принуден да го продаде пиштолот за 750 долари, кои подоцна ги зголемил и така полека ја започнал својата професионална покер кариера. Според него, за еден ден најмногу изгубил 3,6 милиони долари.
Можеби ќе ве интересира: Не е ниту во топ 10 најбогати луѓе во светот: Милијардер платил патување, хотелско сместување и го изнајмил и „Дизниленд“ за 10.000 свои вработени заедно со нивните семејства
„Освоив над 50 милиони долари играјќи покер. Кој друг го направил тоа?“, изјавил тој во една прилика.
Сепак, како и со сè друго, секогаш има друга страна на паричката. Ден е син на контроверзниот измамник од Волстрит, Пол Билзериан, кој беше во затвор за измама со хартии од вредност во 1989 година. Федералните власти потрошија три децении во потрага по 62 милиони долари кои му било наредено да ги врати во 1991 година.
Покрај овие шпекулации, Ден заработил и дел од своите пари преку инвестирање во криптовалути, а основал и сопствен бренд за продажба на производи од канабис. Неговата популарност расте од година во година, исто како и неговиот стрес. А неговиот хедонистички начин на живот го довел до два срцеви удари пред да наполни 35 години, како што и самиот изјавил во една прилика.
Извор: supermen.tocka.com.mk