Возач од Германија, 22 години возел автомобил без валидна возачка дозвола. Според германските медиуми, ова не е прв пат 45-годишниот возач да вози без возачка дозвола.
Би можело да ве интересира: Си купил возачка дозвола во кафуле на границата со Босна и Херцеговина
За време на рутинска сообраќајна контрола во Бад Салздетфурт, Долна Саксонија (област Хилдесхајм), полицајците во четвртокот запреле возач без возачка дозвола.
Според германските медиуми, полицајците биле шокирани кога откриле дека мажот нема возачка дозвола од 2001 година. И покрај тоа што немал возачка дозвола, возачот бил зад воланот цели 22 години.
Возачот се соочува со „тешки последици“
Според полицијата, не е првпат 45-годишниот возач да вози без возачка дозвола.
Возачот сега мора да се соочи со „сериозни последици“. По полициската проверка, 45-годишникот, морал да го напушти возилото и да го продолжи патот пеш.
Се повеќе луѓе паѓаат на тестот за возачка дозвола
И додека сите се изненадени од возач кој вози автомобил без возачка дозвола, германските медиуми објавија дека се повеќе возачи паѓаат на тестот за возачка дозвола. Тие наведуваат дека побарувачката за возачки испити е на рекордно високо ниво, но и дека се повеќе тестови завршуваат неуспешно.
Според Здружението Tüv, 39 отсто од теоретските тестови за сите возачки дозволи не биле положени минатата година. Практичните испити не ги положиле 37 отсто од студентите.
Според истражувањето на Здружението Tüv, во 2022 година имало околу 3,6 милиони практични и теоретски испити.
Ова ја надмина претходната рекордна бројка од 2019 година.