Бразилец кој тврди дека е најстариот човек на светот го прослави својот 122 роденден на 3 февруари, една година откако го победи Ковид, а неговото семејство вели дека тој сè уште е „многу силен“. Неговото име е Андрелино Вијеира да Силва и живее во градот Апаресида де Гојана во бразилската држава Гојас.
Сега, кога наполни 122 години, неговата правнука за тамошните медиуми изјави дека Андрелино се уште е многу силен, и дека доколку се потврдат податоците, тој и официјално ќе биде најстариот човек на светот.
Да Силва има седум деца, 13 внуци, 16 правнуци, едно правнуче, а во неговата лична карта пишува дека е роден во 1901 година.
Би можело да ве интересира: Најстариот ресторан во светот кој работи речиси 300 години
Од седумте деца, пет се уште се живи.
Официјално, Марија Брањас Морера од Шпанија е најстарата личност, родена на 4 март 1907 година. Таа беше прогласена за најстарата личност на планетата од Гинисовата книга на рекорди минатиот месец.