„Амазон“ ќе бара од своите вработени да работат во канцеларии најмалку три дена во неделата, објави извршниот директор Ендрју Џеси во меморандумот упатен до персоналот на компанијата.
Во своето писмо, тој наведува дека „Амазон“ ја донел одлуката откако анализирал што функционирало за време на пандемијата.
Одлуката е донесена на состанокот на високото раководство на компанијата оваа недела, а се вели дека само мал број позиции ќе бидат изземени од најновата политика на компанијата.
Би можело да ве интересира: Колку време треба да вежбате дневно ако имате седечка работа?
Тоа означува отстапување од сегашната политика на Амазон, која им овозможи на лидерите да диктираат како ќе работат нивните тимови.
Промената ќе стапи на сила на 1 мај, според агенцијата.
Многу компании ги повикуваат своите вработени назад во канцеларијата откако пандемијата ковид 19 ги принуди да работат онлајн.
Минатиот месец Старбакс им нареди на вработените да планираат да работат од канцеларија три дена во неделата.
Дизни бара четири работни дена во канцеларија, почнувајќи од март, додека Walmart оваа недела објави дека ќе бара техничките тимови да го поминат целото работно време во канцеларијата.
Извор: faktor.mk