Озлогласениот прелистувач на Мајкрософт со грешки беше повлечен минатата година, а сега се чини дека Мајкрософт ќе започне далечински да го брише од компјутерите на кои сè уште е инсталиран.
27-годишниот интернет пребарувач Internet Explorer е познат по лошите перформанси и безбедносните проблеми. Неговите креатори се префрлија на Chromium Edge и ја прекинаа софтверската поддршка за стариот прелистувач во 2022 година.
Со цел целосно да ја „закопа“ програмата која многу експерти ја сметаат за еден од најлошите прелистувачи на сите времиња, компанијата почна автоматски да ги брише инсталациите на Internet Explorer 11 од Windows компјутерите на кои е инсталиран.
Би можело да ве интересира: Мајкрософт најавува укинување на илјадници работни места
До одреден степен, пишува Wired, ова е соодветен крај. Мајкрософт беше познат по тоа што ги принудуваше корисниците да користат Explorer - кој заврши на суд во 1998 година.
Визуелните елементи на прелистувачот, како што се иконите и кратенките, ќе останат на сите компјутери до крајот на годината, а Microsoft ветува дека ќе пренесе и поддржува дел од функциите и компатибилноста на прелистувачот во рамките на Edge - до 2029 година, пренесува tportal.hr.