Кога сте незадоволни од работното место, тоа се отсликува на сите аспекти на вашиот живот. Затоа, немојте да се убедувате дека секаде е исто, бидејќи не е.
Дајте отказ и побарајте работа што ќе ве исполнува и нема да ви предизвикува дополнителни грижи, па дури и ризици по здравјето.
Ова се најчестите знаци дека сте заглавиле на работно место што не ви одговара:
Можеби ќе ве интересира: Грешки кои треба да ги избегнувате кога давате отказ
Не напредувате
Со години сте на истата позиција. Не напредувате, ни хиерархиски, ниту во поглед на стекнување нови вештини и знаења. Тоа е јасен знак дека работата што ја имате не ве мотивира и не ве исполнува.
Работата ви станала рутина
Работата ви се сведува на рутинско извршување на обврските. Ниту една од нив не ве исполнува и не ви дава чувство дека постигнувате нешто. Време е да побарате работно место што ќе ја поттикнува вашата креативност.
Работата не ги исполнува вашите очекувања
Имавте поголеми очекувања од позицијата на која сте вработени. Сакавте да правите други работи и да давате личен придонес на големи проекти. Меѓутоа, вашите очекувања не се исполнети. Ако е така, време е да најдете работа каде што ќе може максимално да ги искористите вашите знаења и вештини.
Работата ви предизвикува стрес
Едноставно не смеете да дозволите често да се случува после работниот ден да се враќате дома нервозни и да ги оптеретувате семејството и блиските со стрес предизвикан на работа. Ако работата ви е стресна до тој степен и почнува да се одразува на вашето психофизичко здравје, направете пауза и побарајте работно место каде секој ден ќе одите со задоволство.