Пикси бизнисот го започна со својата мајка која е ПР гуру, а сега одлучија дека малку ќе се повлечат за девојчето да биде под помал притисок. Продаваат разни играчки кои им донесоа богатство.
Австралијката Рокси Јаценко на својата ќерка Пикси (11) ѝ помогнала да се лансира во светот на бизнисот, а сето тоа го започнаа со панделките кои ја воодушевувале Пикси. Девојчето сега заработува повеќе од 120.000 евра месечно од бизнисот, а денес освен панделки продава многу разни играчки. Пикси и нејзината мајка одлучиле дека делумно ќе се „пензионираат“.
„Накратко, во текот на изминатите неколку месеци, како семејство разговаравме за деловните планови за иднината и одлучивме дека, иако тоа било неверојатно патување кое почна пред околу 3 години, време е да се посветиме на средното училиште кое е пред вратите“ - објасни Рокси за „Daily Star“.
Би можело да ве интересира: Татин син или нешто друго: Милионер „плива“ во пари: Приватни јахти, авиони, забави, многу девојки, но и два срцеви удари!
Како што велат, онлајн продавницата со играчки и додатоци за коса „Pixie's Pix“ ќе остане, но семејството ќе го намали притисокот на девојчето.
Рокси е неверојатно горда на својата ќерка:
„Ме воодушеви нејзиниот претприемачки дух, а е толку млада“ - кажа.
Пикси минатата година доби скапоцен Мерцедес, кој не може да го вози во следните неколку години, а мајка ѝ и подготви забава на која потроши 26.000 евра.