Пензионер од Англија, осуден е на затворска казна бидејќи повеќе од 7.000 пати ја повикал итната помош, изложувајќи ги работниците на вербална злоупотреба. Од септември 2020 година на полицијата во Сасекс и биле потребни повеќе од 400 часа работа и вработените во центарот за повици за брза помош.
На крајот на јануари седумдесет и седум годишниот Роџер Џексон ја признл вината и бил осуден на три години и три месеци затвор за повеќекратна вербална злоупотреба, пишува Индипендент.
Шефот на центарот за повици на полицијата во Сасекс, Сара Луиз Глидон, вели дека осомничениот ги блокирал линиите со неговите повици до луѓето на кои навистина им била потребна помош. Таа рекла дека тој се јавувал на 911 упорно со години и дека неколку пати бил предупредуван дека може да биде уапсен.
Би можело да ве интересира: Научниците објавија колку најдолго човекот може да живее
„Количината и зачестеноста на неговите повици влијаеше на нашата способност да обезбедиме услуги на граѓаните кои се обидуваа да ги добијат нашите услуги додека тој ја блокираше линијата“, рекла Глидон.
Таа додаде дека нејзините колеги професионално си ја вршат работата секој ден и не треба да трпат луѓе како Џексон.