Со оглед на тоа што главниот град Хараре се распаѓа, владата на Зимбабве разгледува да го реизгради во „сајберград“ на Mount Hampden, каде десеттина вили веќе се продадени.
Би можело да ве интересира: Во Дубаи ќе се гради зграда вредна 5 милијарди долари, со Месечина над неа
Се чини дека политичките лидери на Зимбабве имаат подготвен „лек“ за главниот град на земјата во распаѓање – Хараре.
Овој град е особено сиромашен, валкан и пренаселен со над 1,6 милиони жители кои таму постојано живеат.
Така, за Зимбабве да добие нов „живот“, се планира доградување на Mount Hampden, 17 километри од престолнината со вложување од 60 милијарди долари.
Проектот неодамна премиерно бил прикажан со одлични критики. Всушност, властите на земјата сакаат таму да изградат нов „Дубаи“, преместувајќи го и националниот парламент, седиштето на централната банка, вишиот и врховен суд, берзата, претседателската палата и 250 луксузни вили, барем за почеток.
„Mount Hampden е новиот Харере“, тврди Саџи Ул Мулк, индиски милијардер којшто го поддржува проектот и кој веќе вложил 500 милиони долари во него, пренесуваат странските медиуми.
Всушност, најмалку 30 од 250 луксузни вили кои ќе бидат изградени во првата фаза од проектот веќе ги купиле милијардерите кои планираат да се вселат кога проектот ќе биде завршен. Нивната цена е околу 500 милиони долари.
Според официјалната страница на Владата на Зимбабве, сајбер-градот којшто се подготвува ќе покрива површина од 2,5 милиони метри квадратни и во него ќе се наоѓа една од највисоките кули во Африка.
Во исто време во Хараре ситуацијата е многу тешка. Ѓубрето ретко се собира и многу квартови со години немаат добро водоснабдување. Исто така според „Блумберг“, вредноста на валутата во Зимбабве нагло се намалила, каматната стапка е највисока во светот, а годишната инфлација е 244 отсто.
Без оглед на проблемите во Зимбабве, „Zim Cyber City“ којшто се гради на Mount Hampden привлекол внимание и во Кина која ја презела обврската бесплатно да изгради нова зграда на парламентот, поклонувајќи и ја на земјата.