Најскапата вода на светот чини 56.000 евра по шише, кои се полнат на три лековити извори.
Ако некој ви каже дека шише вино или премиум виски се продава за 56 илјади евра, нема да ви звучи толку неверојатно, бидејќи тоа се случува постојано. Спротивно на тоа, никој не очекува некој да плати толку за шише вода.
Меѓутоа, тоа штотуку се случи на аукцијата организирана од Plan3t Foundation A.C. во луксузниот ресторан La Hacienda de los Morales во Мексико Сити, пишува Punkufer.
Стаклено шише со вода обложено со злато е направено според уметничките дела на италијанскиот уметник Амадео Модиљани, а е дизајнирано од Фернандо Алтамирано, кој го потпишува и најскапото шише со коњак во светот (Dudognon Heritage Henri IV).
Средствата собрани од аукцијата беа донирани на фондацијата за борба против глобалното затоплување, а шишето од 750 мл влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Водата за секое шише Acqua di Cristallo Tributo a Modigliani доаѓа од три извори на Земјата: Фиџи, Франција и Исланд, но тоа не е се - секоја капка содржи и златни честички за да биде поалкална и поздрава од обичната вода.