Пензиите за месецов ќе пораснат за скоро седум проценти, а со претходните покачувања тоа означува дека за една година пензионерите ќе добијат зголемување од минимум 16 проценти. Новата методологија за пензии беше донесена во март 2022 година, по претходна согласност со Партијата на пензионерите, Сојузот на пензионерите . Примателите на пензија до 11.500 денари добиваат финансиска поддршка во вкупен износ од 6.000 денари, односно по 1.500 денари месечно, во период од четири месеци, а примателите на пензија од 11.500 денари до 14.000 денари добиваат финансиска поддршка во вкупен износ од 3.000 денари, односно по 750 денари месечно, во период од четири месеци.
Можеби ќе ве интересира: Невработеноста во ЕУ е 6,1 отсто
Претходно, преку економско-социјалниот дијалог беше утврдена и методологијата за утврдување минимална плата, која од овој месец ќе изнесува 20.175 денари.
Минималната плата во март минатата година од 15 илјади денари се покачи на 18 илјади денари, а сега надмина 20 илјади денари. Притоа, ова решение ќе опфати над 27 илјади административни службеници од јавниот сектор.
Извор: bankometar.mk