
Времето утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни со над 20 литри на квадратен метар и проследени со ретки грмежи, особено во југозападните делови.
На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Би можело да ве интересира: ПРОЈА, ЛЕПЧЕ ОД ХЕЉДА, ТЕСТЕНИНИ: Нутриционист советува како да се снајдеме додека имаме празни рафтови по маркетите
Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 7 Целзиусови степени, а максималната од 3 до 11 степени.
В недела претпладне ќе има слаб локален дожд, а потоа во следните денови ќе настапи стабилизирање на времето и пораст на дневните температури.
Извор: kajgana.com