На карпест рид во близина на Мртвото Море во Израел се наоѓа тврдината Масада, а во неа археолозите откриле платен список кој открива детали од животот на познатите римски легионери.
Архгеолозите со години вршеле ископувања во Масада. На локалитетот и во неговата непосредна близина откриле докази за борбите, врз чија основа успеале да реконструираат што таму се случувало. Еден од тие докази е и откриениот папирус од 72 година со детали за платата на еден римски легионер, т.е. нешто многу слично на платен список.
Папирусот „дава детален преглед на платата на еден римски војник за два платни периоди, вклучително и различните одбитоци кои се применувале“. Со други зборови, покажува многу детален преглед за две од три исплати кои римскиот војник ги добивал на годишно ниво и кои вкупно изнесувале околу 225 денари. Покрај тоа, платата на овој војник вклучувала и пресметки за чизми и ленена туника, па дури и јачмен како храна за неговиот коњ.
Можеби ќе ве интересира: Секој четврт Германец е мигрант или потомок на мигранти
„Изненадувачки, деталите укажуваат дека одбитоците речиси ја надминувале платата на војникот“, вели Орен Ејблман, шеф на единицата на Израелската управа за антиквитети.
Оттаму се поставува прашањето дали кај сите случаи било исто? И ако тоа било случај, а доколку легионерот имал толку трошоци и толку мали приходи, кој стимул ги терал овие луѓе да останат во војската? Најверојатниот одговор е дека им било дозволено да ограбуваат за време на воените кампањи.
Уште еден можен стимул и начин да се дополни платата на легионерите може да се најде во документ откриен во пештерата Нахал Хевер во Јудејската пустина, од периодот помеѓу 132 и 135 година. Имено, во него е објаснето како римските легионери заработувале екстра пари давајќи заеми и наплатувајќи камати поголеми од вообичаените за локалните жители кои се задолжувале.
Извор: kajgana.com