Нашата земја не е место со добри услови за живот. Но, затоа дел од балканските земји добро котираат. Словенија и Хрватска се најдоа меѓу петте европски држави со најдобри услови за живот.
Тие се на четврто, односно петто место. Веста ја објави сајтот „Croatia Week“.
Анкетата ја направи блогот „My Dolce Casa“, кој објавува материјали за патување, преселување, живеење и пензионирање во различни земји. Нејзиното рангирање вклучува 15 европски дрѓави кои нудат комбинација на висок квалитет на живот и разумни трошоци. За Словенија, се вели дека има „неверојатна природна убавина, планини кои го одземаат здивот, инфраструктурата и безбедноста од светска класа“. Се вели и дека Хрватска повеќе не е скриеното богатство на Европа.
Македонија е на 24 место на листата на европските земји според можностите за убав живот. Во анализата се вклучени 33 држави. Шпанија, Португалија, Холандија се на врвот. Претходните години имало анализи на Евростат кои покажуваат дека Македонија е една од најсиромашните држави во Европа, но и дека е евтина за живот.