Најновите податоци на Заводот за статистика на Австрија (Statistik Austria) покажуваат дека жените се сепак подобри возачи, односно дека предизвикуваат помалку сообраќајни несреќи од мажите.
Стереотипите на страна, ова е секако логичен заклучок во однос на специфичните индикатори. Но, и кога станува збор за нетолеранција и нервоза, ситуацијата е прилично иста. Жените секако се побезбедни учесници во сообраќајот бидејќи бројките покажуваат дека тие предизвикуваат помалку сообраќајни несреќи од мажите.
Можеби ќе ве интересира: 8-ми Март- Меѓународен ден на жената
Осигурителните компании и најновите студии покажуваат дека синтагмата „Скапо чини кога жена ќе седне зад волан“. Статистичките податоци од 2013 година велат дека во Австрија, без разлика дали се во автомобил, на велосипед или пешак, жените се дефинитивно побезбедни учесници во сообраќајот.
Невнимание / расеаност
мажи 7.276
жени 3.776
Непочитување првенство на минување
мажи 5.086
жени 2.721
Брзо возење
мажи 3.112
жени 1.347
Неодржување безбедно растојание
мажи 1.418
жени 600
Возење под дејство на алкохол/лекови
мажи 1.086
жени 190
Во повеќето случаи, причина за несреќи е машкиот дел од населението, 58% како пешаци, 66% како возачи на мотоцикли и 64% како возачи на автомобили. Најчеста причина е невниманието на возачот, но најновите истражувања покажуваат дека користењето мобилен телефон за време на возење е сè поголем проблем што предизвикува сообраќајни несреќи. Од вкупно 11.302 несреќи, жените се одговорни за 3.776 случаи, а мажите за двојно повеќе, дури 7.526.
Австрискиот оддел за безбедност на патиштата открил кај 1.500 испитаници дека причината за несреќата е агресивен стил на возење и дека жените се однесуваат многу поразумно во споредба со мажите.
Извор: kajgana.com