Во авионите на германската авиокомпанија Луфтханза во иднина ќе има брачни кревети. Ваквата одлука управата ја донела, како што се објаснува, со цел да се подобрат услугите. Двојните кревети ќе бидат во прва класа на прекуокеанските летови.
Медиумите шпекулираат дека ваквата понуда наскоро ќе стане задолжителна за патниците на долгите летови во ексклузивната класа. Седиштата широки еден метар ќе бидат и стандардна понуда во најкус можен рок.
Целиот план, кој вклучува поделба на седиштата на авиокомпанијата во седум класи на долги релации, се очекува да чини 2,5 милијарди евра и треба целосно да се спроведе до 2025 година.
Луфтханза најави и дека наскоро ќе има таканаречени „суит плус“ седишта во прва класа, кои на паровите ќе им обезбедат своја соба. Може да има брачни кревети или да нема, но сопствените системи за греење, ѕидови до таван, лизгачки дрвени врати, гардероби, трпезариски маси, специјални гурмански менија се загарантирани.
Катар и Сингапур ерлајнс веќе имаат двојни кревети на долги летови, како и Етихад, а оваа услуга чини од 3.000 до повеќе од 20.000 долари.