Се огласил менаџерот на винотека во Белград, откако на гостинот му ја наплатиле услугата „отворање шише вино“.
Сметката на која е наплатена услуга за отворање шише вино за 400 динари, која извесен Небојша ја објави на Твитер, предизвика лавина коментари од типот „следниот пат ќе ја носам тапата со мене“ и „ќе наплаќаат и за седење на столчиња?“
Меѓутоа, станува збор за услугата „corkage fee“ или како што некои ја нарекуваат „cork“ (плута), која некои белградски ресторани и винарии ја воведоа пред неколку години, а одамна е вообичаена во светот, вели менаџерот на таканаречената белградска винарија Милош Д.
„Винотеката секогаш има пониска цена на пијалоците од ресторанот. На пример, едно шише тамјаника чини 890 динари и тоа е цената ако ја купите и ја однесете дома. Меѓутоа, ако одлучите да пиете вино кај нас, седнете на нашата маса, ако ги искористете нашите чаши и келнерската услуга, за тоа наплаќаме 400 динари и така пишува во ценовникот. Во тој случај кога ќе соберете се, едно шише вино ве чини 1.290 динари, додека во во кој било ресторан ќе треба да платите 3.000 динари за истото. Така, тоа е повторно многу поевтино отколку ако одите во ресторан“, објаснува Милош.
Можете да си донесете и сопствено вино, но и тоа чини пари.
Патем, постојат неколку видови на оваа услуга. Во Русија, Канада, САД, многу европски ресторани можеш да си донесеш шише вино и да го пиеш со мезе или вечера, а ти наплаќаат што не си порачал нешто од нивното мени, а ти користиш чаши и си го пиеш пијалокот во нивниот локал.
Колку ќе се наплаќа за оваа услуга одлучува ресторанот, а може да биде од 150 динари до неколку илјади, во зависност од тоа колку сопствениците проценуваат дека „изгубиле“ затоа што гостинот си го пие пијалокот. На сметката што крена прашина на социјалните мрежи пишуваше „отворање шише вино“, што, како што подоцна објасни винскиот бар и продавницата за алкохол, е несмасен превод на услугата „corkage fee“.
Zanimljivosti
Универзитетскиот колеџ во Лондон направи револуционерен развој во нанотехнологијата - ги создадоа најтенките шпагети на светот со димензии од само 372 нанометри, приближно 200 пати потенки од човечко влакно. Хотелот „Ово Патагонија“ многумина го опишуваат како сместување за најхрабрите, бидејќи стигнувањето до него вклучува планинарење, искачување по козји патеки и преноќување во капсули кои „висат“ над бездна, Долго време, дебатата за перцепцијата на болката меѓу мажите и жените е предмет на проучување во областа на медицината и психологијата. Зборот што ја одбележа 2024 година, според англискиот „Речник Колинс“ е именката „brat“. Поимот, според Речникот, означува „самодоверба, независност и хедонистички став“, а доколку се користи за млади, именката се однесува на „неприспособлив, невоспитан, разгален“. Во буквален превод на македонски, овој збор значи: „детиште“. Многу луѓе сметаат дека пластичните кеси се практично решение за чување на остатоците од лебот, бидејќи тие помагаат да остане свеж. Сепак, ова не е најдобриот начин да се зачува квалитетот на лебот. Класичната друштвена игра „Монопол“, за која често се мисли дека е бесконечна, всушност, има крај кој не вклучува само расправии околу улогата на банкарот или спорови околу „киријата“ по стапнувањето на туѓ имот. И покрај многуте тематски изданија, основните правила остануваат исти. Официјалните упатства опфаќаат сценарија, на пример, што да се прави кога банката ќе остане без пари и можноста за собирање пари во затвор.