Штипските пензионери побрзаа со обезбедување на огревно дрво за следната грејна сезона. Заинтересираноста е голема и покрај високата цена. Метар просторен бука им се продава по 5.000 денари, а 4.900 денари чини метар кубен дабово огревно дрво. Набавката се врши преку Здужението на пензионери.
- Нашите членови дрвата ги плаќаат на 7 месечни рати, со тоа што после првата рата веќе дрвата ќе почнат да се испорачуваат до нашите членови. Заинтересираноста е голема, бидејќи ние до овој момент имаме запишано 2000 метри кубни дрва, што и нас не изненадува за овој период од годината- изјави Ристе Нетков, претседател на здружение на пензионери-Штип.
Натков додаде дека преку здружението можат да се набават 3500 метри кубни и смета дека годинава нема да се повтори ланското сценарио, кога поради покачувањеето на цената на дрвата за огрев, на 500 пензионери им беа вратени парите, а потоа мораа самите да се договараат со добавувачите.
- Сега по благовремено ги започнавме сите подготовки. Веќе имаме склучено договори со повеќе фирми и сенадеваме дека навремено и целосно на сите наши пензионери ќе ги испорачаме иогревните дрва за оваа сезона-изјави Нетков
Минатата година испораката на дрва беше откажана и за околу 750 пензионери од Кочани, под изговор дека постојат административни и технички пречки, односно, намалена сеча и смален шумски фонд, поради пожарите во кочанскиот регион.