Директорот на Mercedes, Ола Калениус, минатата година доби плата од милион долари и бонуси за добар бизнис, иако нешто помалку од 2021 година.
Калениус добил вкупно околу 6,11 милиони евра, објави во вторникот Mercedes, околу триесет илјади помалку од претходната година.
Фиксната плата му била 1,73 милиони, а варијабилната плата која зависи од остварувањето на целите била 3,86 милиони евра.
Калениус заработил значително повеќе од неговите колеги во менаџментот на компанијата. Другите менаџери имале плата од 3,1-3,6 милиони евра.
Минатата година Mercedes продаде значително повеќе луксузни возила и поради растот на цената ја зголеми заработката за една третина, на околу 14,8 милијарди евра.