Доколку открие компонента која отстапува од дефинираните мерења поради нејзината конструкција, негова работа е да ја истражи основната причина за проблемот
Bugatti е толку посветен во потрагата по совршенство што вработува искусен метролог за да се погрижи секое возило што ќе ја напушти фабриката да одговара на стандардите од светска класа.
Метрологот користи прецизни мерења за да се осигура дека процесот или производот одговара на највисоките стандарди, а Bugatti на тоа место го има Грегоар Халер-Мајер. Тој е одговорен за мерење и анализа на сите компоненти за да се осигура дека се е совршено.
„Морам да ја најдам причината зошто кога растојанието помеѓу две компоненти отстапува од нашите специфицирани толеранции за само еден милиметар“, објаснува тој. „На крајот на краиштата, тоа може да доведе до несакани звуци при високите брзини што ги постигнуваат нашите хипер спортски автомобили“.
Во својата работа, метрологот на Bugatti користи комбинација од рачни алатки и високопрецизни 3D скенери со точност до 0,005 mm. Доколку открие компонента што отстапува од дефинираните димензии на Bugatti поради нејзината конструкција или поставеност, негова работа е да ја истражи основната причина за проблемот.
Потоа ќе разговара за своите наоди со инженерите и изведувачите на Bugatti за да ја замени компонентата или да ја прилагоди постоечка.
„Сепак, мерењето на различни компоненти и толеранции е само дел од мојата работа“, забележува Халер-Мајер. „Друг дел од мојата работа е анализа на податоци за да се гарантираат и континуирано да се подобруваат нашите стандарди за квалитет и да се обезбеди апсолутна врвна завршница на хиперспортските автомобили што ги создаваме“.
Производителот на автомобили забележува дека го применува истото ниво на детали и грижа за сите свои модели, без разлика дали се работи за „обичен“ Chiron или модел со ограничено издание како Centodieci или уште поексклузивниот La Voiture Noire.