Цената на трудот по час, или саатница, во еврозоната се зголеми за 5,7 отсто во последниот квартал од минатата година.
Европскиот завод за статистика (Евростат) објави податоци за саатницата во четвртиот квартал од 2022 година во еврозоната и земјите од Европската унија (ЕУ).
Според последните податоци, саатниците во еврозоната се зголемени за 5,7 отсто на годишно ниво.
Исто така, во земјите на ЕУ, цената на трудот по час пораснала за 5,8 отсто во последниот квартал од минатата година во однос на истиот период во 2021 година.
Можеби ќе ве интересира: Половина од јавниот сектор на минималец, се повеќе работници купуваат билет во еден правец
Саатниците во ЕУ се зголемени за 4,1 отсто во третиот квартал, а за 3,7 отсто во еврозоната.
Во земјите на ЕУ, во последниот квартал од минатата година, саатниците најмногу пораснале во Бугарија за дури 16,1 отсто, потоа Литванија со пораст од 15,5 отсто и Унгарија со 12,4 отсто.
Саатниците во Германија се зголемени за 6,3 отсто, во Франција за 5,2 отсто, во Италија за 5,5 отсто и во Шпанија за 3,6 отсто.
Извор: vecer.press