Најновите податоци на Европскиот статитистички центар велат дека туризмот во ЕУ изминатата година успеал да закрепне, а ова го темелат на податокот дека бројот на туристи достигнал 95 отсто од нивото во 2019 година. И според домашните аналитичари, туризмот полека закрепнува. Домашните интитуции посочија дека имаме раст на туристите и ноќевањата минатата година.
- Во текот на 2022 година, бројот на посетители во сите месеци беа повисоки од соодветните месеци во 2021 година, при што четвртиот квартал од 2022 година забележа 472 милиони ноќевања. Ова беше пад од само 2 проценти во споредба со четвртиот квартал од 2019 година пред пандемијата (483 милиони ноќевања) – соопшти Евростат.
- Помеѓу земјите на ЕУ, Латвија беше најдалеку од целосно закрепнување во однос на ноќевањата на меѓународните гости (-45% во 2022 година во споредба со 2019 година), а потоа следат Словачка (-40%) и Литванија (-37%). Данска беше единствената членка на ЕУ која забележа зголемување на ноќевањата на меѓународните гости (+4%), додека Хрватска (-2%) и Луксембург (-3%) се приближија.
Можеби ќе ве интересира: Жените во Македонија живеат подолго од мажите
- Од друга страна, Малта забележа најголем пораст на ноќевањата на домашните гости (+39% во 2022 година во споредба со 2019 година), потоа Кипар (+35%) и Словенија (+25%). Најголем пад на ноќевањата на домашните гости е забележан во Словачка (-22%), Романија (-15%) и Унгарија (-13%), од кои сите, исто така, забележаа прилично големо намалување на ноќевањата од странски гости (барем -30%) – се потенцира во соопштението на Евростат.
Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, посочија дека „во чекор со Европа продолжува закрепнувањето на македонскиот туристички сектор“.
Во период јануари-септември 2019/2022, според податоците на Светската Туристичка Организација број на туристи на светско ниво е намален за 37 отсто, додека Европа и Северна Македонија се со 19 проценти помалку. Нашата земја е во првите 10 дестинации според девизниот прилив од туризмот, согласно податоците од UNWTO (светска туристичка организација). Во првите три квартали од 2022 година девизниот прилив е 376 милиони долари од туристички промет, што е за 25 проценти повеќе од 2019 споредбено со 2022 истиот период. Очекувањата на туристичкиот секор се дека до 2025 година ќе имаме 4 милиони ноќевања и девизен прелив по основ туризам од 500 милиони долари.
Извор: faktor.mk