Жител на село Врапчиште изнајмил возило од фирма, но по истекувањето на договорениот рок не го вратил назад.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Ј.Р. од село Врапчиште поради постоење основи на сомнение за кривично дело „затајување“.
Можеби ќе ве интересира: Соседите се откажуваат од пиење на кафе оти им е скапо?
-На 12.07.2022, пријавениот од правно лице од Виница изнајмил патничко возило „фолксваген“ во времетраење од 19 дена, а по истекот на договорениот рок не го вратил патничкото возило, со што му нанел штета на правното лице во износ од 361.500 денари, велат од полицијата.
Извор: lokalno.mk