
Патот до успехот често е поплочен со одлучност и напор, така барем поголем дел од луѓето велат.
Милионерите и врвните успешни луѓе истакнуваат колку е важно да се надмине конкуренцијата, но и да се победите самите себе и да ги надминете границите.
Иако сè од наведеното е можеби точно, трудот и напорот всушност не се тие кои ги издвојуваат успешните луѓе од останатите, истакнува психологот Сара Саркис. Таа тврди дека тоа е „закрепнувањето“, односно препознавање кога на вашиот ум и тело им е потребен одмор.
Саркис е виш директор во компанијата „Exos“ која се занимава со развој на работните навики, а заедно со експертскиот тим на диететичари, физиотерапевти и други здравствени експерти работат со НФЛ играчи и раководители на успешни компании за да им помогнат да напредуваат во атмосферата и опкружувањето каде е присутен голем притисок.
Можеби ќе ве интересира: Кои им се заеднички карактеристики на сите лоши шефови?
„Погрешно го поврзуваме успехот со постојаното туркање напред и имаме комплицирани чувства кога не го даваме својот максимум. Мислиме дека сме мрзеливи, нефокусирани или недисциплинирани, па дури и кога ништо од тоа не е вистина“, истакнува таа.
Кога се чувствуваме преоптоварени, под стрес или едноставно многу сме зафатени, последната работа на која мислиме е закрепнувањето и одморот, вели психологот.
„Луѓето кои му даваат предност на одморот се оние кои се на врвот и кои се најсреќни“, додава таа.
Истражувањата покажале дека работата без одмор ја намалува продуктивноста и креативноста, тоа придонесува и на стресот.
Саркис вели дека своите клиенти секогаш ги советува да разгледаат на што ја трошат енергијата – како и каде поминувате најмногу од своето време и внимание, кои активности ве исцрпуваат, што е тоа што ви дава енергија?
Оние кои имаат редовна пракса да одмараат се оние кои собираат најмногу плодови од својата работа.
„Одморот мора да биде редовен и задолжителен дел од вашата рутина“, истакнува Саркис.
Извор: supermen.tocka.com.mk